ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Пашовски го „пече“ тренерскиот занает во Шведска

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Тренерот од Македонија, охриѓанецот Бобан Пашовски, кој во Шведска веќе три сезони успешно го „пече“ тренерскиот занает, во следната сезона ќе биде предводник на женскиот тим Борланге.

Се работи за клуб кој што во својата историја трипати го освојувашe шампионат на Шведска, а за следната сезона има големи амбиции во прволигашката конкуренција, јави порталот 24rakomet.mk.

Откако ја заврши својата ракометна кариера, во која настапуваше во неколку македонски екипи, Пашовски започна со тренерскиот ангажман.

Неговото прво искуство како тренер беше стекнато во Македонија, поточно во својот роден град Охрид каде беше ангажиран во ракометната школа „Седмерец“.

Првиот предизвик за Пашовски со тимот на Борланге ќе бидат дуелите од Купот на Шведска. (Крај)

извор: 24rakomet.mk/Влатко Мирчески фото: 24rakomet.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука