Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

ОУ „Братство Единство“ од Охрид меѓу 14-те училиштата што добија грант од МОН и Мисијата на ОБСЕ

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОУ „Братство Единство“ од Охрид е меѓу македонски училиштата што добија грант од Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Од училиштето информираат дека согласно проектот, грантот ќе се изкористи за спроведување на заеднички наставни и воннаставни активности на ученици од различно етничко потекло, кои следат настава на различни наставни јазици.

Целта на активностите е јакнење на соработката и довербата помеѓу младите. Училиштата се всушност местата каде младите се развиваат како личности, созреваат учејќи за хуманоста, моралот и етиката и ги разбиваат митовите за повеќе стереотипи кои, некако со години се провлекуваа во општеството и се пренесуваа на нови генерации, а дел од нив, за жал, сè уште и во денешно време се предизвикувачки. Но, работиме на искоренувањето и оваа активност е токму во таа насока, да ги стимулира училиштата да ги зближуваат учениците кои говорат на различни јазици, припаѓаат на различни етнички или верски заедници, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Доделени се грантови за 14 училишта во Македонија, во вкупна вредност од 4 600 000 денари, а финансиските средства се обезбедени преку проектот „Градиме нови мостови“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука