Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Настан на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во центарот на градот за еден поинаков крај на учебната година

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Прекрасен ден, одличен настан, позитивна енергија… Најдобри ученици, среќни професори… Драги ученици, имајте убав летен распуст!

Вака го окарактеризираа денешниот настан од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, од каде одржаа Отворен настан со кој на посебен начин го одбележаа крајот на учебната година.

– Еден поинаков крај на учебната година. Отворени работилници за поттикнување на позитивна интеракција и емоција кај учениците преку музика, забава и знаење, З’ш економско? З’ш така требиТ! – порачаа од училиштето.

Настанот се одржа во Градскиот парк на кеј „Македонија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука