Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд попладне и температура до 24. степени

Охрид, 11. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне променливо облачно време со појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 24. степени.

– Денес и на почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град. Врнежите ќе бидат пообилни денес во северозападните делови, а утре во поголемиот дел од земјата и особено на северот, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука