Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Дебарско-кичевска епархија: Приодот до манастирот „Св. Еразмо Охридски“ за празникот оваа година ќе се одвива по стариот пат за Струга преку Подмоље

Охрид, 12. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува верниците дека за време на претстојниот празник на светиот Свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец, ќе има богослужба во манастирот посветен на овој голем светител.

– Во среда, на 14-ти јуни 2023 година, со почеток во 19:00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба. Во четврток, на 15-ти јуни 2023 година, во 07:45 часот ќе започне Утрената богослужба, а пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки н Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски ќе биде во 09:00 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09:15 часот, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Додаваат дека, имајќи предвид дека патот од Охрид до манастирот „Св. Еразмо Охридски“ во моментов е во прекин поради изведување градежни работи, а во консултација со надлежните служби, приодот до манастирот оваа година ќе се одвива по стариот пат за Струга преку Подмоље, па кон манастирот.

– Се надеваме на Ваше разбирање и Ве повикуваме за молитвено присуство на богослужбите по повод прославата на нашиот голем заштитник и молител пред Бога, светиот Еразмо Охридски Чудотворец, потенцираат од епархијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука