ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Оваа нова ситуација дополнително ни создава потешкотии, туристичкиот сектор со апел да се најде решение за делницата од Охрид до Подмоље

Охрид, 12. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бевме затечени со затворање на делницата кај Подмоље, оваа нова ситуација дополнително ни создава поголеми потешкотии, децицни се претсавниците на туристичкиот сектор.

Досега имаше 3 часа од Скопје до Охрид сега само се зголемува тој временски период и се отежнува самиот сообраќај. Тоа ќе повлече и незадоволство кај гостите. Требаше да се направи нешто или порано во март или април или подоцна.

– Мислевме дека зафатите ќе бидат неколку дена, да се отстрани дефект, но потаоа дознавме дека се работи за подолго затворање на патот што ќе го зафати и екот на сеозната. Затворање на таа делница пречи баш влезот на Охрид. Со оглед на тоа што стариот пат е помал и не може сам да го опслужи целиот сообраќај што ќе се одвива, тука доаѓаат и камиони од Албанија, тоа е тесно грло се создава проблеми во туризмот, се надеваме дека ќе има некаков слух и ќе се најде некакво решение за брзо отворање на тој нов пат што може да го користиме барем од едната страна. Долго време се молиме да е готов делот од Аеродоромот до Охрид и Струга. Имаме реакции од сите хотелиери, имаат забелешки од агенциите кои носат гости како и од самите гости. Требаше да се направи нешто или порано или подоцна. Во март и април е помал обемот на сообраќај, можеше тогаш да се прават било какви зафати. Ние и не знаеме што ќе се прави таму, но што и да е треба да се најде решение, дециден е претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.

– Не можат сите туроператори да имаат чартери, туку ги користат редовните линии кои слетуваат во Скоппје и тешко е да се објасни како од цела Европа до Скопје се простигнува за два и нешто повеќе часа, а од Скопје до Охрид треба 3,5 до 4 часа и тука имаме потешкотии во реализација на тие аранжмани. И овие патници во Охрид што доаѓаат, ќе треба до хотелите да ги носиме за два часа, автоматски имаме незадоволни гости. Ние меѓу другото, одговараме и за безбедноста на гостите, се надевам дека ќе се најде решение. Проблемот е горлив не е од денес, реакциите се оправдани. Суетите на политичарите да стивнат и да го гледаат интересот на граѓаните. Испраќаме апел до сите политичари, изјави туристичкиот работник Олег Маленко.

Дел од туристичките работници велеат дека ако е потребно ќе бараат реакции и од нивните партнери во странство, за сериозно да се разбере колку е важна оваа работа за туристичкиот сектор.

Нема достапен опис.

Со ова прашање се засегнати сите охриѓани и најважно туристичкиот сектор. Токму затоа и се одржа средбата на претставници на ХОТАМ, туристички работници, угостителскиот еснаф и охридската локална самоуправа од која произлезе барање до Владата и Министерството за транспорт и врски со цел да се замолат градежните зафати на потегот од Охрид до Подмоље да ги одложат за септември.

Охридскиот градоначалник д-р Кирил Пецаков потенцира дека како посебна поента на средбата било што не станува збор за завршни километри од изградбата од автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука