ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓани со поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, обвинет за поставување на знамето „Сонцето од Кутлеш“ (Фото/Видео)

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Под слоганот „Јас сум Тони Менкиноски“, бројни охриѓани утрово излегоа со знамиња пред Основниот суд во Охрид во знак на поддршка на адвокатот Тони Менкиноски, против кого треба да започне процес за поставувањето на знамето „Сонцето од Кутлеш“ на 27-ми април во Охрид.

Адвокатот е обвинет дека го прекршил јавниот ред и мир кога на Водици во Охрид и кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија. Менкиноски има уште една пријава за истакнување на „Сонцето од Кутлеш“, во знак на поддршка за осудените за 27-ми април.

Менкиноски вели дека никој не може да го спречи Македонците да го развејат „Сонцето од Кутлеш“, затоа што тоа е дел од нашиот идентитет.

Тој сам се прјавил во охридската полиција дека е одговорен за поставувањето на знамето и ја презел целата одговорност за настанот. Тврди дека овој случај не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир, затоа што од него никој не бил вознемирен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука