Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Ќе биде ли навистина до Петровден? Министерот Бочварски денеска на увид на автопатската делница Кичево-Охрид

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ако сакаме тоа да се направи така мора да имаме малку трпение и да дозволиме изведувачите на тоа поврзување да го прават НЕПРЕЧЕНО, СТРУЧНО , КВАЛИТЕТНО но и БРЗО како би можело за Петровден, односно отворањето на Охридско Лето кога и официјално започнува туристичката сезона истиот тој биде ПУШТЕН во УПОТРЕБА.

Вака пратеничката од редовите на СДСМ Жаклина Лазаревска неодамна најави пуштање во употреба на делницата Подмоље-Охрид, чие затворање и пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга неодамна предизвика бурни реакции во јавноста.

Ќе биде ли навистина до Петровден? Одговори очекуваме од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска ќе ја посети автопатската делница Кичево-Охрид и заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, ќе извршат увид во градежните активности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука