ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Лани во Охрид се родиле 414 бебиња и негативен природен прираст преку цела година

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Лани во Охрид се регистрирани вкупно 414 живородени бебиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Оваа бројка е за две помалку во однос на 2021 и за 22 помала во однос на 2020 година.

Од новороденчињата 225 биле машки, а 189 женски. Според брачната состојба, 388 се добиени во брак, а 26 се вонбрачни.

Инаку Охрид и 2022 година, како и претходните две ја заврши со негативен природен прираст. По квартали, во првите три месеци беше најголем, -163, а најмал во третото тромесечје кога беше -37.

Лани во Струга се евидентирани 528, а во Дебрца 20 живородени бебиња.

На државно ниво, во 2022 година се родени вкупно 18.183 деца, од кои живородени се 18 073, а мртвородени 110. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество.

Генерациската година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1993 година.

Во 2022 година се регистрирани и 17 живородени деца од мајки на возраст под 15 години. 12,7% од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука