ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Втора интервенција на Планинската спасителна служба во последното деноноќие, повредено лице над Рамне

Охрид, 20. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС), денеска во 12:05 часот беше алармиран од страна на група спортисти од Охрид, кои над селото Рамне изведувале редовен трениг за планинско трчање, при што еден член од групата се здобил со повреда на коленото што го оневозможило неговото движење.

– Еден тим на ПСС, со теренско возило веднаш се упати на терен и по укажаната прва помош, во 13:40 часот повредениот беше спуштен во Охрид. По синоќешната потрага на исчезнато лице во Дебрца, која траеше до раните утрински часови, ова е втора интенвенција на ПСС во последното деноноќие, што се надеваме дека не претставува лоша најава за претстојната сезона, потенцираат од службата.

На сите авантуристи од ПСС им посакуваат убави и безбедни планински моменти, а доколку се најдат во било каква неприлика, веднаш да побараат помош. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука