Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 28. степени

Охрид, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. За време на викендот се очекува на места да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури од недела ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука