Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Бочварски: На делницата од Подмоље до Охрид се работи постојано, ќе се работи и за викенди, ќе биде готов најдоцна до 10-ти јули

Скопје/Охрид, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најдоцна до 10-ти јули, пред почетокот на шпицот на туристичката сезона, ќе биде готов и автопатот од Подмоље до Охрид, кој во моментов е затворен за сообраќај, повтори синоќа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за Тв Сител.

– На делницата од Подмоље до Охрид ќе се работи постојано колку што е потребно во текот на денот. Ќе се работи и преку викендите, бидејќи во претходните денови имавме лоши временски услови, и до 10 јули ќе ја завршиме изградбата на овој дел, рече Бочварски.

Тој неодамна, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, изврши увид во градежните активности на автопатот Охрид-Кичево, на делницата од Охрид до Подмоље.

– Реакциите во однос на времениот режим на оваа делница се неприфатливи во време кога привршуваат градежните работи, додаде министерот, притоа побара поддршка од општината и граѓанските здруженија да не ја кочат реализацијата на овој автопат. (Крај)

извор: Тв Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука