Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

„И сопругата и ќерката ми починаа во иста соба на КАРИЛ“, очаен охриѓанец за Макфакс прозборе за лекарска грешка во Охрид

Охрид, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Смртта на петгодишната Јана, која почина откога прими инфузија во битолската болница, ги отвори старите рани на пензионерот Блаже Блажески од Охрид чија ќерка Елида, почина со 61,48 единици шеќер во крвта, откога прими пет шишиња инфузија во охридската болница.

– Нема врска, момичето немаше шеќер. Да имаше шеќер има апчиња, има инјекции, Ќе си бараше чаре, вели Блажески.

По пет години талкање во судско-здравствените лавиринти низ кои бара одговори за причината за смртта и се сомнева на несоодветно лекување во охридската болница, тој првпат одлучи јавно да зборува за случајот на неговата ќерка.

Откога почнал да бара одговори, утврдил дека речиси и да нема документ кој институциите не го фалсификувале за да го убедат дека ќерка му, која никогаш немала проблеми со шеќерот, починала оти не го лекувала.

Сторијата на Макфакс, за која најавуваат продолжение ОВДЕ. (Крај)

извор: Макфакс фото/видео: Макфакс

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука