Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 30. степени

Охрид, 23. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со умерена локална облачност и слаб ветер од променлив правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени.

– Денес ќе преовладува претежно стабилно и топло, освен во планинските подрачја во посеверните делови, каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, краткотрајно и во вид на невреме. За време на викендов ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер повремено во вид на краткотрајно невреме. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука