Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претпладне сончево време со услови за дожд попладне и температура до 28. степени

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Од пладне и во вечерните часови зголемена нестабилност со услови за врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– Под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Потоа во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука