Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Жители на Видобишта апелираат до ЈП „Комуналец“ за подигање на зелениот отпад по невремето

Охрид, 28. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Жители на населбата Видобишта преку допис до OhridPress апелираат до ЈП „Комуналец“ за подигање на зелениот отпад по невремето кое неодамна го погоди Охрид.

–  Помина веќе една недела од невремето кое уништи се’. Се направи мнигу зелен отпад од нашите дворови и нема кај да го фрламе, а вработените во „Комуналец“ упорно одбиваат да го подигнат уредно спаковано во црни вреќи. Се работи за Бидобишта кое најмногу настрада во невремето, апелираат граѓаните.

Силно невремево саботата го зафати Охрид и предизвика поголема материјална штета, која според локалната беа најголеми, токму во оваа градска населба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука