ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Сара Ѓорѓиеска од ГКК „Охрид“ меѓу македонските репрезентативки на ЕП до 18 години во Софија

Охрид, 30. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сара Ѓорѓиеска од ГКК „Охрид“ е помеѓу 12-те репрезентативки кои ќе ги бранат боите на Република Македонија на Европското првенство до 18 години во Софија, Бугарија.

– Браво Сара, ние сме горди на тебе, ти посакуваме многу успех и среќа во националниот дрес, порачаа од ГКК „Охрид“.

Македонија е дел од групата „А“ на овој шампионат, во која за ривали ги имаме селекциите на Хрватска, Данска, Исланд и Холандија.

Нашите млади кошаркарки за жал со пораз го отворија првенството, откако во првото коло беа поразени од Холандија со 66-43.

– Слаби репрезентации не постојат. Нивото на европска кошарка е подигнато во сите земји, затоа, очекуваме секој натпревар да биде тежок. Го отвораме првенството против тимот на Холандија, екипа која знаеме дека ќе пружи максимален отпор на самиот почеток на шампионатот. Затоа ние ќе се фокусираме на нашата игра, и се надеваме на позитивен исход во наша корист, истакна селекторот на националната селекција Јелена Антиќ.

Македонските кошаркари на полувреме имаа негатива од седум поени (26:19), но противничките предноста ја направија во третата четвртина, ја добија со 18-7. Најефикасна во македонските редови беше Марија Николов со 11 поени. Модева реализираше осум поени, седум имаше Николиќ, а по пет Милованова и Начевска. На вториот натпреварувачки ден на Европското првенство во Софија Македонија е слободна. По ден пауза, на 2. јули, од 19.30 часот, следува дуелот со селекцијата на Исланд. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: kfsm.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука