Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

До 08:00 часот утрово во Охрид наврнаа 20 литри дожд на метар квадратен

Охрид, 2. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), до 08:00 часот утрово во Охрид се измерени 20 литри на метар квадратен.

Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– Денес времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на локално невреме, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука