Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Тамаро прераснува во лидер и во делот на кетерингот, врвна организација на летната забава во ОДВ Електрик (Фото/Видео)

Охрид, 3. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Покрај носечкиот сегмент во продажбата во регионот, во охридските Тамаро маркети сериозно се развива и делот со кетерингот, односно вкусната готова храна, која се подготвува во најсовремено уредената Anabella кујна на компанијата.

Покрај во нивните маркети, истата може да ја вкусат и вработените во фабриката ОДВ Електрик во зоната Струга-Охрид.

Оваа компанија неодамна за вработените и менаџментот организираше летна забава со која се одбележаа успесите во периодов наназад, а за добрата храна и комплетната организација на настанот се погрижија од Тамаро кетеринг тимот.

Погледнете дел од атмосферата, а за кетеринг услугите на Тамаро, дополнителни информации можете да добиете на телефонот 078/215-636.

извор: ОхридПрес фото/видео: Тамаро кетеринг

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука