Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Собир во Охрид за поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, обвинет за поставување на знамето „Сонцето од Кутлеш“

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Под слоганот „Денес над Македонија се раѓа ново Сонце!“, денеска напладне, граѓани на Охрид, пред Основниот суд, ќе му дадат организирана поддршка на адвокатот Тони Менкиноски, против кого е во тек процес за поставувањето на знамето „Сонцето од Кутлеш“ на 27-ми април во Охрид.

Претходно, на 16-ти овој месец беше одложено судењето во Основниот Суд во Охрид поради непојавување во Судот на пријавителите од полицијата.

May be an image of text

Адвокатот е обвинет дека го прекршил јавниот ред и мир кога на Водици во Охрид и кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија. Менкиноски има уште една пријава за истакнување на „Сонцето од Кутлеш“, во знак на поддршка за осудените за 27-ми април.

Менкиноски вели дека никој не може да го спречи Македонците да го развејат „Сонцето од Кутлеш“, затоа што тоа е дел од нашиот идентитет.

Тој сам се прјавил во охридската полиција дека е одговорен за поставувањето на знамето и ја презел целата одговорност за настанот. Тврди дека овој случај не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир, затоа што од него никој не бил вознемирен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука