ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Одложено судењето против адвокатот Менкиноски поради непојавување во Судот на пријавителите од полицијата

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одложено е судењето што денес требаше да започне во Основниот Суд во Охрид против адвокатот Тони Менкиноски кој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир кога на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија.

Согласно закон за кривична постапка мора да присуствува, да има лице од МВР што ќе го образложи обвинението против мене. Во спортивно ако не спојави на наредното судење ќе излезе народната „Кадија те тужи, кадија те суди“.

– МВР не сака да научи дека во прекршочна постапка, согласно закон мора да присуствува на судењета кои ги поднесува против граѓаните. Сега го добив барањето и може да се види има и слики дека ние не го нарушивме јавниот ред и мир. Да видиме како ќе го докажат тоа, рече Менкиноски.

Тој се товари за нарушување на јавен ред и мир за време на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта“ го истакнал македонското знаме што до 1994 година беше официјално државно знаме. Менкиноски има уште една пријава за истакнување на „Сонцето од Кутлеш“, во знак на поддршка за осудените за 27-ми април, за што вели на обвинителна клупа треба да седнат повеќе македонци кои биле повикани во полиција.

Менкиноски и по одложеното рочиште изјави дека не се чувствува виновен, вели нема закон според кој можат нас македонците да не репресираат да не го истакнеме македонското знаме од Кутлеш.

Инаку од утринава бројни охриѓани под слоганот „Јас сум Тони Менкиноски“, со знамиња беа пред Основниот суд во Охрид во знак на поддршка на адвокатот Менкиноски, а таму го дочекаа и исходот од судењето. (крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука