јули 4, 2023

Струга, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Веслачите на ВК „Црн Дрим“ од Струга постигнаа забележителни резултати на големата меѓународна веслачка регата „Војводина Опен“, што се одржа на први и втори јули 2023 година на Паличко Езеро, со учество на екипи од: Србија, Турција, Бугарија, Унгарија и република Македонија со вкупно 22 екипи.

– Треба да се истакне големиот успех на младата Ана Прентоска, која во дисциплината скиф за пионерки на 1.000 метри го освои одличното второ место и сребрениот медал, додека во дисциплината скиф за сениорки Елена Столеска во силна конкуренција избори пласман во финалето каде го освои шестото место, јави VOX Struga.

Останатите натпреварувачи кои достојно ја претставија нашата држава беа и Климентина Стојмилоска, Христијан Китаноски, Никола Мариноски, Александар Хиохи, Вања Кукунеш, Андреј Симоновиќ, Цвете Димоски и Леон Шутиноски, предводени од тренерите Игор Скепароски и Марјан Влаќески. (Крај)

извор: VOX Struga фото: VOX Struga

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука