Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна средувањето на зелениот појас на патот Охрид-Св. Наум, на потегот до „Св. Стефан“ обраснат со трева (Фото)

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – По објавата на OhridPress од вчера, денеска започна уредувањето на зелениот појас на патот Охрид-Св. Наум, на потегот до „Св. Стефан“, кој секоја сезона го дочекува летото обраснат со трева.

Охрид е пред почетокот на сезоната, а овој дел е обраснат со висока трева и претставува исклучително лоша слика пред гостите.


Ова се повторува секоја година, а охриѓани апелираат до одговорните лица, истото да се среди во најкус можен рок, за оваа многу фреквентна сообраќајница, особено во летниот период да добие поубав лик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука