Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Суперстар Dj Paul van Dyk на 30-ти јули доаѓа во Охрид

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најголемите диџеи на сите времиња, двократниот број еден светски диџеј Paul van Dyk на 30-ти јули доаѓа во Охрид, каде што ќе настапи на плажата „Горица 3“.

Електронската светска супер ѕвезда уште од раните деведесетти години ги поставува светските стандарди како диџеј. Во краток рок ја стекнува популарноста со мегахитот „For An Angel”, една од најголемите и највлијателните електронски траки на сите времиња.

Со вроден талент за сценски настап, Paul е еден од артистите со најмногу остварени настапи низ светот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука