Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Отворен ден со армискиот ВИНГ и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Воздухопловниот ВИНГ на Армијата на Република Македонија и Планинската спасителна служба, утре ќе одржат Отворен ден во кругот на Центарот за обука на вода во каналот „Студенчишта“.

– Во периодот од 10:00 до 14:00 часот, повелете на заедничко дружење и презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени, порачуваат организаторите.

Отворениот ден се организира со цел промоција на хуманата мисија на армијата и успешната цивилно-воена соработка, која армискиот ВИНГ и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид успешно ја развиваат во изминатите две години, во интерес на ефикасноста и квалитетот на спасителните операции на планина и тешко пристапни терени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука