Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата синоќа пронајде марихуана кај две лица на улицата „Будва“

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти јули 2023 година, во 22:00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид извршија контрола на патничко возило марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, паркирано на улицата „Будва“ во Охрид во кое биле 21-годишниот К.Н. од Охрид и П.А. од Австралија.

– При прегледот полициските службеници кај К.Н. пронајдоа и одзедоа марихуана по што веднаш беше приведен, а П.А. е повикан во Полициска станица. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука