Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Лишен од слобода охриѓанец кој физички нападнал полицајци кои интервенирале при „незаконит риболов“

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти јули 2023 година, во 04:00 часот, кај месноста „Грашница“ во Охрид, лишен е од слобода 38-годишниот Е.З. од Охрид.

– Тој претходно физички ги нападнал полициските службеници кои преземале службени дејствија во врска со „незаконит риболов“. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука