Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Мобилни екипи на ЦЈЗ Охрид подготвени да ги посетат ранливите категории на граѓани за административни формалности или материјали за анализа

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од охридскиот Центар за јавно здравје информираат дека се активирани мобилни екипи подготвени да ги посетат граѓаните во домовите во Охрид за да ги извршат потребните административни формалности и да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа.

– Со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во топлите летни денови, за сите оние ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги. Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од нашите телефони 046/231-030 или 078/488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 часот, каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар, потенцираат од Центар за јавно здравје Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука