Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, услови за дожд попладне и температура до 26. степени

Охрид, 5. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– Денес на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а од петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука