Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец со возило удрил во пешак и три автомобили на улицата „7-ми ноември“, повредени две лица

Охрид, 7. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми јули 2023 година, во 04:20 часот, на улицата „7-ми ноември“ во Охрид, патничко возило марка „Форд фокус“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 21-годишниот А.К. од Охрид удрило во пешак, 41-годишниот И.К. од Охрид, паркирани патнички возила „Фиат пунто“ и „Волво“ со охридски регистарски ознаки и „Мазда 5“ со српски национални ознаки.

– Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот А.К. со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По наредба на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука