Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Слатко лето охридско со Plazma, Тамаро и Супер радио: Најмлади Plazma кувари Vol. 2 (Видео)

Охрид, 23. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како продолжение на успешната соработка со најголемите компании од државата и регионот повеќе од една деценија наназад, охридските „Тамаро“ маркети и водечкиот медиум во регионот, Супер радио, и ова лето нудат врвна забава, многу подароци и насмевки за сите.

Заедно со Plazma ќе се дружиме со нашите пријатели од целиот свет во нашиот Охрид во уште едно „Слатко лето охридско со Plazma“. Ќе уживаме со Plazma, Plazmix и Wellness, а како дел од кампањата предвидено и е и дружење и заедничка подготовка на највкусни слатки со нашите најмлади другари од градинката „Јасна Ристеска“ со кои заедно неколку часа бевме „Најмлади Plazma кувари“.

– Со моите другари-кувари од детската градинка „Јасна Ристеска“ подготвивме највкусни плазма колачиња по рецептите кои ги позајмивме од порталот plazmaslatkarnica.mk каде имате огромен број на рецепти подготвени со превкусната Plazma. Во кујната на градинката, заедно со моите другари – најмлади кувари, но и нивните професионални лица кои секојдневно се грижат тие да добиваат вкусни и здрави оброци, подготвивме неколку рецепти со Plazma, го најавува вториот дел од подготвените рецепти популарниот водител Жанко ЗШ Голабоски, кој неколку часа се дружеше и уживаше со најмладите охриѓанчиња – куварчиња.


Во опуштен разговор со одговорните лица во градинката зборувавме и затоа колку е важна здравата исхрана за децата, кои рецепти најчесто им ги подготвуваат и секако кои јадења децата најмногу го сакаат.

– Јас си поминав преубав ден со моите другари и колеги кувари од детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид со кои готвивме највкусни плазма колачиња по рецептите кои ги позајмивме од порталот plazmaslatkarnica.mk. Им благодарам за дружбата и преубавите колачи кои ги направивме заедно. Огромна благодарност и до комплетната екипа на детската градинка „Јасна Ристеска“ кои ни овозможија да се дружиме со овие прекрасни дечиња. „Слаткото лето Охридско со Plazma“ во Охрид продолжува, имаме подготвено уште многу вкусни изненадувања за Вас. Следете не цело лето, порача Жанко.

Ова лето, заедно со Plazma имаме подготвено навистина бројни и слатки изненадувања. Ќе имаме продажба на посебно подготвени Plazma колачиња кои ќе се продаваат во Тамаро маркетите, а сите средства ќе бидат наменети за децата со Ретки болести, Plazma чаршиска слаткарница, Plazma Lake Crusing  и многу други интересни содржини.

Да уживаме заедно во уште едно неповторливо лето охридско 2023-то.

И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука