Забава Избор Култура Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Театарската претстава за деца „Во домот на Волшебникот“ ќе се игра во Охрид на 19-ти јули

Охрид, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на програмата за култура, Општина Охрид оваа година активно работи на програма за нашите најмлади.

– На 19-ти јули на сцената кај ТЦ „Амам“, најмладите ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава за деца „Во домот на Волшебникот“, која е работена наменски и е посветена на децата. Токму овој период кога во регионот сериозно е видливо насилството помеѓу децата, а и кај нас, нужна е потребата преку театар да се прикаже дека за секој проблем и недоразбирање не е решение насилството, туку разговорот, меѓусебното подавање на рака, искреното пријателство. Низ низа драмски ситуации во кои главната нитка е мудроста на волшебникот, наспроти денешното однесување на децата, ќе упатиме јасна порака: Со насилство НЕ, со дружба може СЕ! – порачуваат организаторите.

Во претставата има многу комичнини, едукативни, педагошки елементи, но што е најважно интеракцијата на децата од публиката е многу присутна. Важноста заедно со актерите ќе дојдат до главната порака на претставата, а притоа да увидат дека само преку искрен и другарски пристап можеме да успееме во се.

Претставата изобилува со преубава музика, сценографија и костимографија. Во неа играат актерите кои децата ги познаваат од народните приказни: Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски, а покрај нив игра и младата Тамара Ангелеска

Волшебникот го игра актерот Сашо Ристовски, помошничката Магдалена Ризова-Черних, а улогата на девојчето ја игра Тамара Ангелеска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука