Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со UV индекс 10 и температура до 32. степени

Охрид, 12. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

UV индексот ќе биде 10, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.

– Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Особено топло ќе биде во утре и во петок кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука