Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков се сретна со Британскиот амбасадор Метју Лосон

Охрид, 12. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков оствари официјална средба со Британскиот амбасадор во Република Македонија Метју Лосон, што е негова прва официјална посета на Охрид.

– На разговаравме за предизвиците со кои се соочува Охрид. Истакнав дека како Локална самоуправа сме подготвени за справување со истите и воедно паралелно реализирање на зацртаните проекти. На амбасадорот му ги презентира тековните и проектите кои ќе се реализираат во наредниот период. Разговаравме и за УНЕСКО и исполнувањето на препораките. Го уверив амбасадорот дека Охрид се движи во правилна насока и се надевам дека со ангажирање на сите засегнати страни ќе се добие посакуваниот резлутат. Разговаравме и за заштитата на животната средина и заштитата на Охридското Езеро, информира Пецаков.

Додава дека се разговарало за продлабочување на соработката во областа на туризмот преку организирање на промоции во Британија, како и за проширување на директните авио линии.

– Заедно со Амбасадорот ја потенциравме веќе добро воспоставената меѓусебна соработка и заклучивме дека кај двете страни има воља за надоградување, вели Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука