Економија Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Четири години It Cafe: Супер урбана приказна во срцето на градот

Охрид, 12. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат полни четири години откако започна со работа тогаш новото урбано катче во срцето на охридската чаршија – It Cafe.

Од тогаш It Cafe прерасна во одлично место за забава, за првото утринско кафе, вкусен ручек или едноставно, поминати моменти во прекрасно уреден амбиент, со врвна понуда и услуга.

– Оваа година детелината со 4 лисја е во наши раце. 4-ка како симбол на среќа, 4-ка како ваш кворум на маса, 4-ка како континуирана наша дружба со вас во сите 4 годишни времиња, 4-ка како повод за славење на четвртиот роденден на Вашето омилено градско катче. По тој повод денеска, среда, 12-ти јули 2023 година Ве покануваме заедно да наздравиме и прославиме. Во текот на целиот ден бесплатно ќе се послужува кафе и торта. Сите сте добредојдени, бидејќи ние не би постоеле без Вас. Со љубов Вашето It Cafe – симболот за квалитет во охридската чаршија, потенцираат од It Cafe.

Честитки од комплетната екипа на Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: It Cafe

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука