ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Обвинителката Оливера Проеска од ОЈО Охрид дел од тимот на Ислам Абази во ОЈО ГОКК

Скопје/Охрид, 12. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Советот на јавни обвинители денеска избра три обвинителки за тимот со кој менаџира Ислам Абази, а што треба да гони организиран криминал и корупција во Република Македонија.

Меѓу нив е и Оливера Проеска која на новото работно место ќе дојде од Основното обвинителство во Охрид, Милица Гаврилова која и досега работеше во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а денеска доби уште еден мандат и Верица Бержецка- Крстева, која досега беше обвинителка во ОЈО Скопје.

Меѓу кандидатите кои беа на списокот, но не беа избрани се: Газменд Мехмети, Елизабета Јосифоска, Александар Марковски и Владимир Милошески. (Крај)

извор: 360 Степени фото: МИА

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука