Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Младите волонтери на Црвен крст делеа шишиња вода и флаери со препораки за заштита од топлотниот бран

Охрид, 12. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младите волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Охрид денеска делеа флаери со совети за превенција од топлотен бран и шише вода.

– Во овој летен период со високи температури, важно е нашите граѓани да се информирани за тоа како да се заштитат од топлотниот бран. Вниманието најмногу го насочија кон повозрасните лица и хронично болните кои се во поголем ризик во ова топло време на кои, покрај тоа што им беа дадени препораки за заштита од топлото време, им беше и измерен крвниот притисок, потенцираат од Црвен крст Охрид и ги потенцираат препораките за заштита од топлотниот бран:

За време на најтоплиот период од денот (од 10:00 до 17:00 часот):

– избегнувајте напорни физички активности на сонце,
– постојано внесувајте течности,
– избегнувајте мрсна калорична храна и
– носете светла лесна облека и заштитни очила и капа.

Од Црвен крст Охрид информираат дека и во текот на наредните денови ќе продолжат со активности за превенција од топлотен бран. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука