Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со UV индекс 10 и температура до 34. степени

Охрид, 13. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

UV индексот ќе биде 10, а максималната температура ќе се искачи до 34. степени.

– Под влијание на топол бран во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а наместа и над 40 степени поради шти ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука