ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска започнува Галичката свадба со охриѓанката Елисавета Булоска како годинешна Галичка невеста

Охрид, 14. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Оливер Андреевски и Елисавета Булоска која има потекло од Охрид се годинешните зет и невеста на јубилејното 60-то издание на манифестацијата Галичка свадба, која ќе се одржи од денескати до 16-ти јули.

Љубовта помеѓу Оливер и Елисавета започнала токму во Галичник, каде и што ќе ја крунисаат.

– Во Галичник започна нашата љубов со Оливер и драго ми е што ќе ја овековечиме таму. И многу сме среќни и тука сме еден за друг да се поддржиме, рече Елисавета.

Потекло од Галичник има Оливер, од каде потекнуваат и неговите предци.

– Јас имам потекло од Галичник, невестата има потекло во Охрид. Веќе пет години се знаеме и цело време и зборам за Галичник. И така се одлучивме да аплицираме да учествуваме, и со голема желба, љубов и почит кон нашите предци да учествуваме на свадбата, заедно со нашите семејства и да се венчаме токму во Галичник со сите обичаи, рече Оливер.

Во програмата за Галичка свадба предвиден е целовечерен концерт на Фолтин кој ќе се одржи на 14-ти јули, а во сабота доцна попладне почнуваат сите обичаи поврзани со Галичката свадба. За време на Галичка свадба на Галичник ќе има и сообраќаен режим.

Покровител на манифестацијата Галичка свадба е претседателот на државата Стево Пендаровски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука