Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, после Заливот на коските, повредени три лица

Охрид, 13. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти јули 2023 година, во 16:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, помеѓу Заливот на коските и селото Трпејца, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Сеат леон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(36) од селото Трпејца и патничко возило „Шкода октавија“ со германски национални ознаки, управувано од В.Т.(33) од Република Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „Шкода октавија“, Ј.Л.(66) од Република Србија, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.Р. и уште една малолетна сопатничка од возилото „Шкода октавија“ констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука