Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу Требеништа и Мешеишта, повредени четири лица

Охрид, 13. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти јули 2023 година, во 13:50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.З.(47) од кичевското село Стрелци, излетало надвор од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ќ.С.(56), Ф.З.(22) и Ф.З.(46), сите од селото Стрелци, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука