Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП „Водовод“ доби ново возило набавено во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“

Охрид, 13. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Водовод“ од Охрид денеска доби ново возило набавено во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“.

– Општина Охрид континуирано работи во насока на подобрување на условите во Јавните комунални претпријатија и овозможува поголема ефикасност во работењето. Само во текот на оваа година инвестиравме значителни средства во набавка на опрема и обезбедивме повисок квалитет на услугите за граѓаните. Денеска го промовиравме новото товарно возило за потребите на ЈП „Водовод“. Се работи за Камион кипер, марка ИСУЗУ со двојна кабина кое е набавено преку проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а реализиран од Центарот за развој на Југозападниот плански регион во партнерство со Општина Охрид. Новото возило се очекува да придонесе за подобра ефикасност на Секторот за водоснабдителни објекти, производство и третман на вода за пиење во ЈП „Водовод“, истакна градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

May be an image of 4 people

Тој додаде дека ќе се обезбеди поефикасно и поекономично извршување на работните обврски, потребите за транспорт на вработените, пропратниот алат и полесните градежни машини до местото каде е потребно да се вршат одредени интервенции, како и за одведување на ископаниот материјал од градилиштето до депонија за градежен шут.

– Би сакал да упатам благодарност до Центарот за развој на југозападниот плански регион за соработката на проектот за подобрување на капацитетите на општинските претпријатија, преку кој обезбедивме опрема за ЈП „Водовод“, „Охридски Комуналец“ и „Нискоградба“ во вкупен износ од 7,5 милиони денари. Овој проект општина Охрид и финансиски го поддржа издвојувајќи значаен износ на средства од буџетот на општината.
Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да работиме на имплементација на уште многу значајни проекти во Охрид и сите населени места во општината, напомена Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука