Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Езерската полиција се вклучи во акцијата „Безбедно лето 2023“

Охрид, 13. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на реализацијата на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ се вклучија и полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција), која е во состав на граничната полиција на Регионалниот центар „Запад“.

– Тие, вршејќи активности со пловни чамци по Охридското Езеро, го спроведуваат проектот „Превенција од сончаница и топлотен удар“, при што остваруваа контакт со граѓани кои пловат по езерото и низ непосредна комуникација ги потсетуваа дека топлото време и високите температури може да предизвикаат и сериозни последици врз здравјето и да доведат до состојби како што се сончаница и топлотен удар, кои понекогаш можат да бидат и закана за нивните животи, информираат од СВР Охрид.

Притоа, на граѓаните им беше поделен и едукативн материјали со практични совети за избегнување на несаканите последици. Ваквите превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука