Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков се сретна со турска делегација од општината Учхисар од Кападокија

Охрид, 14. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Осман Суслу, градоначалник на општина Учхисар, која е сместена во областа Кападокија во Република Турција.

– На средбата се разговараше за можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Учхисар во повеќе општествени сфери пред се во делот на туризмот, културата и образованието. Во фокус на средбата беше и темата за збратимување на двете општини. Учхисар е општина во историскиот и туристички регион Кападокија, кој припаѓа на провинцијата Невшехир и административниот регион Централна Анадолија во Турција. Ова е еден од најтипичните градови во Кападокија кој поседува уникатни културни и природни знаменитости кои го привлекуваат вниманието на туристите од целиот свет. Најпрепознатлива туристичка атракција е замокот „Учхисар“ кој е сместен во карпа, на 1.300 метри надморска височина и нуди неповторлив пејзаж на целата област, информриаат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука