Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Аплаузи и насмевки: „Малите Ѕвездички со К-2“ со одличен настап на малиот плоштад кај „Мини маркет“ (Фото)

Охрид, 16. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На радост на најмладите, К-2 ѕвездичките и водителот Ка Двојче, настапија на малото плоштадче „Мини маркет“ со нивните детски хитчиња, како дел од проектот за потикнување на авторска музика и трибјут за охридскиот бенд „Вентолин“.

– Малите К-2 Ѕвездички и групата „Вентолин“ со Никола Ристески и Никола Јосифоски отворија едно ново поглавје на една интересна локација. Атмосферата беше повеќе од прекрасна. Нѐ посети публика од сите возрасти која не ги штедеше аплаузите и убавите насмевки. Наградивме и пофаливме уметници, спортисти, музичари, ученици… Имавме преубава детска песна и фантастичен професионален перформанс на двајца музичари од групата „Вентолин“, порачаа организаторите.

Настанот го отвори советничката во Општина Охрид Александра Настоска – Николоска која ги поздрави посетителите во име на локалната самоуправа, а водител беше Наташа Кечкарова. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука