Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Анкета на АВМУ за периодот април-јуни 2023 година: Супер радио останува убедливо број 1 медиум во регионот

Охрид, 17. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со просечен неделен досег од 17,6% и дневен од 10,3 %, охридското Супер радио и во периодот април-јуни 2024 година останува водечки медиум во својот регион и еден од најпопуларните во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални радио и Тв станици во вкупната слушаност и гледаност во периодот април-јуни 2023 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на Република Македонија.

Супер радио во ноември минатата година прослави 30. години од постоењето и останува водечки медиум во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

Потврда за успешната работа на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба во 2017 година за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука