Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Второ издание на „Вкусете го Охрид – локално“ на 29-ти јули на плоштадот кај Долна Порта

Охрид, 21. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Slow food Ohrid, во сабота на 29-ти јули 2023 година, од 19:00 часот, на плоштадот кај Долна Порта во центарот на Охрид, по вторпат ќе го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“.

– Посетителите ќе може да вкусат охридски специјалитети приготвени на традиционален начин. Slow food Ohrid е дел од Slow food Macedonia и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна. Slow food замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична, порачуваат организаторите.

Настанот е организиран од движењето Slow food Ohrid со поддршка на Општина Охрид и Slow food Macedonia. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука