Избор Локална самоуправа

Градоначалникот на германскиот град Хурт во посета на Општина Охрид

Охрид, 21. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Дирк Бројер, градоначалник на градот Хурт, кој е сместен во областа Северна Рајна-Вестфалија во Германија.

– Главна тема на средбата беа можностите за зајакнување на соработката помеѓу Охрид и Хурт на повеќе полиња. Градоначалниците разговараа за позитивното влијание на германските странски инвестиции во Охрид, врз локалната економија и стандардот на граѓаните. Исто така, во рамки на средбата се дискутираше и за даночната политика на локалните самоуправи во Македонија и Германија, информираат од охридската локална самоуправа.

Градот Хурт е лоциран на околу 6 километри југозападно од центарот на градот Келн, на североисточната падина на природниот резерват Котенфорст-Вил. Градот се состои од тринаесет области и е распространет на релативно голема површина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука