Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Објавена програмата за научната и уметничка визита 2023 година

Охрид, 21. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија“ – МАНУ, Охрид ја објавија програмата за научната и уметничка визита 2023 година.

Ќе започне во петок, на 28-ми јули 2023 година, од 20:00 часот со изложбата на дела од колекцијата на ликовниот уметник Славко Упевче инспирирани од Св. Наум.

– На 10, 11 и 12 август 2023 година ќе се одржи лингвистичка работилница „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“ на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ. На 25 и 26. август 2023 година ќе се одржи синолошка конференција за кинескиот јазик, литература и култура на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ. На 27. август 2023 година, со почеток во 12:00 часот е закажана поетска средба „Разговор со акад. Павле Горановиќ“, член на Црногорската академија на науките и уметностите. Во текот на август ќе се одржи и промоција на изданието посветено на научноистражувачката работа на Акад. Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање на одделението за технички науки на МАНУ, а од 29. август до 2. септември 2023 година ќе се одржи „Охридска школа на природното право“ на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, информираат од Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија“ – МАНУ, Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука