ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Успешна акција на Галичица, спасени три лица кои се изгубиле на планината

Охрид, 23. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) од Охрид денеска попладне координира дел активности со спасителна акција на планината Галичица, која заврши успешно и во рамките на која се спасени три лица кои се изгубиле на планината.

Во 16:19 часот преку единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е примена пријава за изгубени двајца мажи, странски државјани (од кои едниот имал повредена нога) и една жена во Националниот парк „Галичица“, во повисоките делови на планината. Мажите се пронајдени кај планинарската куќа на паркот во 17.30 часот, а жената е пронајдена на подалечна локација во 17:50 часот.

Според истиот извор, по дојавата за помош од изгубените, на терен брзо излегла екипата на единицата за спасување на планина од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.

Лицата утрово тргнале од Охрид со возило и застанале на паркингот „Г6“, а потоа се упатиле нагоре по пешачкиот дел на Галичица. Почнале да пешачат од 09:30 часот, но се изгубиле по планинските патеки. Попладне се јавиле за помош на 112 во ЦУК, по што веднаш е организирала спасителна акција.

Во спасувачката акција, покрај единиците на планинарската служба од Охрид и Ресен, учествувала и патрола од Граничната полиција од Св. Наум. (Крај)

извор: ЦУК фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука